Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Паника во средното уметничко училиште: Солзавец активиран за време на час

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-libraryl0m1qhrkn7vn2dAgnX1

Вознемирувачки инцидент се случил во средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје, каде што ученик активирал солзавец за време на наставата, предизвикувајќи паника и страв меѓу присутните. Родителите реагираат дека и една недела по настанот сè уште нема конкретен одговор од надлежните институции, пренесува телевизија Сител.

— реклама —

Инцидентот се случил за време на часот по сликарство, кога ученик од четврта година, од насоката сликарски дизајн, активирал солзавец во училишното ателје.

— реклама —

Во обид да побараат помош, учениците се упатиле кон училишниот менаџмент, но наишле на затворени врати. Професорот тој ден бил отсутен, а единствена помош им пружила класната раководителка, која реагирала и презела мерки за заштита на учениците.

Учениците сакале да разговараат и со училишниот психолог, но таа не била на работното место. Отсуствувал и директорот на училиштето, од кого исто така побарале помош.

— реклама —

Родителите бараат итно санкционирање на ученикот кој го предизвикал инцидентот, како и утврдување одговорност кај надлежните лица во училиштето.

— реклама —

Директорката на Државниот просветен инспекторат за Сител ТВ изјавила дека претставката била примена претходниот ден и веќе била процесуирана. Најавен е вонреден инспекциски надзор, по кој инспекторот ќе одлучи дали и какви мерки ќе бидат преземени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања