Паниката по социјалните мрежи е лажна велат од „Водовод“ - нема бактерии во градската мрежа во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје

Лажна е веста која се прошири по соцоијалните мрежи дека во примерок од водоводот  на градскиот водовод во скопски Бутел се најдени три вида бактерии, велат од ЈП „Водовод и канализација“. Лабораторијата на „Водовод“, на своја иницијатива, направила своја анализа по објавата на социјалните мрежи од минатата недела во која стои анализа од лабораторијата „Авицена“ со откриените бактерии.

— реклама —

Екипа од „Водовод“, пред три дена, го исконтактирала човекот кој ја нарачал анализата во „Авицена“ која се споделуваше на социјалните мрежи. Во негово присуство, екипата земала примерок од чешмата од која наводно и тој однел примерок на анализа.

— реклама —

„ Примерокот беше земен од наш техничар во присуство на сопственикот, а во согласност со стандардите за земање примероци. Направена е бактериолошка анализа на примерокот при што е користена Quanty tray sealer plus за брза идентификација и користена е стандардна мембранска техника со засејување на селективни подлоги. При тоа, после поминатото време во контролирани услови, на подлогите не е развиена ниедна колонија што укажува дека водата е бактериолошки исправна. Во лабораториите на Секторот за санитарна контрола направена е и основна физичко – хемиска анализа при што е констатирана нормална состојба на параметрите како и во претходните мерења во таа област. На основа на добиените резултати може да се констатира дека испитуваниот примерок е хемиски и бактериолошки исправен во согласност со критериумите дадени во Правилникот за безбедност на вода“, велат од Секторот за односи со јавност во ЈП „Водовод и канализација“, за Макфакс.

Одговори за случајот со откриените бактерии во водата во наредните денови најавија и од лабораторијата „Авицена“, во која, според објавите, е направена анализата.

Текстот во целост на: Макфакс.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања