Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Панова: Власта деновиве го одби амандманот за набавка на 3 амбулантни возила во Струмица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
brza-pomos

Пратеничката Ели Панова од ВМРО-ДПМНЕ реагира во врска со вчерашните апели од струмичката болница за набавка на амбулантно возило. Нејзината објава ја пренесуваме подолу во целост:

Директорот на Струмичката болница, вчера јавно излезе со статус, и побара донации од граѓани за набавка на ново амбулантно возило за Струмица!

После некое време статусот беше повлечен, и излезе вест дека возилото ќе биде набавено за најмногу два месеци!

Во оваа прилика нема да навлегувам во прашањето: ОД КАДЕ, КАКО или КОЈ обезбедил пари за истото и тоа за неколку часа, бидејки оваа набавка е НЕОПХОДНА!

Мегутоа сакам да Ви посочам за ЛИЦЕМЕРИЕТО на оваа власт!

Пред само неколку дена на седница на Комисијата за финансирање и буџет, се образлагаше нашиот Амандман заверен под архивски број: 08-3488/92 кој се однесуваше за итната потреба од набавка на ТРИ вакви амбулантни возила за Струмица!

— реклама —

За ЛИЦЕМЕРИЕТО да биде поголемо, тогаш пред само неколку дена, Амандманот беше ОДБИЕН од страна на истата оваа Власт која денес , НЕКАКО СЕ СНАШЛА!

Ова е уште еден доказ дека апсолутната власт на СДСМ ништо не значи за струмичани!

— реклама —

Очајна е ситуацијата со здравството и економијата во цела држава , но ЖАЛНО е што и најголемите потреби преточени во предлози, ако доагаат од ВМРО- ДПМНЕ не смеат да бидат прифатени!

За да не им се скрши егото на големите !

Ова дава слика за тоа во каква состојба во моментов е не само Македонското здравство, ами и целата држава.

— реклама —

Навистина ми е жал што за да се реши било каков проблем, во Македонија, НУЖНО Е НА НЕКОЈ ДА МУ ПУКНЕ ФИЛМОТ!

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања