Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Папата Франциск воодушевен од претседателот Иванов

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
11-2

Во Македонија има верска почит...се зборовите на македонскиот претседател Ѓорге Иванов од кои Папата Франциск бил импресиониран на нивната вчерашна средба во Скопје, јави Католичката новинска агенција, пренесувајќи ја прес-конференцијата на Неговата Светост, одржана на повратниот лет од Скопје кон Рим.

— реклама —

„Во Македонија, силен впечаток ми остави една реченица што ми ја кажа претседателот: „Тука ние немаме религиска толеранција, туку почит“. Тие имаат почит. Во денешниот свет почитта недостасува многу. Почит за човековите права, ни недостасува почит за многу работи, почит за децата, почит за постарите. Впечатливо е што мистиката на една земја е токму почитта“, рече Папата Франциск за време на враќањето кон Рим, прашан која е најголемата импресија што со себе ќе ја понесе од посетата на Македонија.

— реклама —

„Македонија има идентитет и сега треба да го консолидира како народ со мали, големи проблеми, како што е името, и ова ние сите го знаеме. Двете земји (Македонија и Бугарија) имаат христијански, католички и муслимански заедници. Процентот на православните заедници е голем во двете земји, а помал на муслиманската заедница и уште помал е процентот на католичката заедница. Во Македонија уште повеќе за разлика од Бугарија. Нешто што видов во двете земји се добри односи меѓу двете вери“, рекол Папата Франциск.

— реклама —

 

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања