Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Папата Франциско го укина правилото „понтификална тајна“ - нема тајност на случаи на сексуална злоупотреба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
papa

Папата Франциск ги укина ватиканските прописи за тајност на случаи на сексуална злоупотреба, објави денес Ватикан. Папата го укина ватиканското правило коешто секому кој тврди дека е жртва на свештеничко злоставување му се забранува за тоа да зборува. Правилото познато како „понтификална тајност“ е укинато и за оние кои во Ватикан сведочат на судењата за ваквите злосторства.

Кон информациите за случаите за злоставување треба да се однесува со „сигурност, интегритет и доверливост“, порача папата. Им даде упатство на ватиканските функционери да му се потчинат на цивилното право, со истовремено чување на доверливоста и да им помогнат на властите во истрагите за овие случаи.

— реклама —

Папата Франциск, исто така, ја промени и ватиканската дефиниција за детската порнографија, зголемувајќи ја возраста од 14 на 18 и помалку години.

„Папската тајна“ се смета за највисоко ниво на доверливост во црковниот Закон што опфаќа голем број на административни случаи во Ватикан, како номинации на кардинали, истраги од Секретаријатот на државата и за верска доктина од Собранието. Нејзиното прекршување досега значеше прекин на комуникацијата со Црквата.Специјалната декларација на Папата е наречена Респис и стапува на сила веднаш.

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања