Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Папата кај Иванов се фотографира пред Република Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
papa-R-makedonija

На официјалната страна на сеуште актуелниот претседател д-р Ѓорге Иванов поставени фотографии од средбата на Иванов со поглаварот на римокатоличката црква папата Франицис.

— реклама —

На официјалната Фејсбук страна пишува:

— реклама —

„Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска беше домаќин на Поглаварот на Kатоличката црква, Неговата Светост Папата Франциск, кој на покана на македонскиот претседател престојува во Апостолска посета на Република Македонија“.

Инаку претседателот се обрати на приемот и меѓу другото кажа:

-Мојот мандат како претседател го завршувам со тоа што Ве пречекувам Вас во Република Македонија. Mорам да Ви признам дека бев во големо искушение да го искористам Вашето присуство и фокусот на светските медиуми и да зборувам сè најдобро за мојата држава и за мојот народ. Би можел да се осврнам на мисијата на Св. Апостол Павле во Македонија што го отвори патот за христијанството во Европа. Или, пак за мисијата на Св. Кирил и Методиј и Св. Климент и Наум Охридски кои придонесоа за културното и духовно издигнување на словенските народи. Би можел да го истакнам шествековното мирно искуство со исламот што позитивно го оформи македонскиот модел на соживот и почитување на различноста. Да не заборавиме дека најпознатата ќерка на овој соживот стана мајка на 20 век – Св. Мајка Тереза.

Искушението да зборувам за славното минато е големо. Но, верувам дека е многу поважно да зборувам за неизвесната сегашност, колку и да е тоа тешко. А вистината е дека Вие доаѓате во време кога македонското општество е длабоко поделено, а македонската држава е тешко ранета поради прекршени ветувања, изневерени очекувања и разнишана доверба во меѓународната заедница. Децениските блокади на нашиот европски пат доведоа до политички и морални кризи што го намалија нашиот духовен имунитет и ги еродираа вистинските и трајни вредности. Крстот и полумесечината, црквата и џамијата се злоупотребуваат како граничници и тврдини за маркирање и бранење на некакви си замислени територии. Како да се заборава дека сите ние сме луѓе, независно од нашата вера, истакна меѓудругото Иванов.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања