Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Папата на Божиќна миса „Можеби имате погрешни идеи, можеби сте направиле целосен хаос, но Господ сепак ве сака“,

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
papa-bozik

Папата служеше вечерна миса на Бадниковата вечер во базиликата св. Петар во Ватикан.  За време на мисата во базиликата „Свети Петар“, тој разговараше со илјадници луѓе. Папата ги повика 1,3 милијарди римокатолици да не дозволат пропустите на црквата да ги одвратат од прифаќањето на божјата љубов.

Придружуван од хор, папата во Ватикан откри статуа со сцената на раѓањето на Исус, велејќи дека тоа е е потсетник за безусловната божја љубов.

— реклама —

„Можеби имате погрешни идеи, можеби сте направиле целосен хаос, но Господ сепак ве сака“, рече папата Франциско. Во исто време, тој ги повика верниците да престанат да се обидуваат да ги менуваат другите.  „Да не чекаме нашите соседи да бидат добри пред ние да направиме нешто добро за нив, црквата да биде совршена за да ја сакаме, другите да нè почитуваат пред да ги почитуваме ние нив. Да почнеме од себеси“, истакна папата.

фото: Vatican News

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања