Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Папата носеше уникатна облека изработена од брачен пар од Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
papa-skopje-1

Папата Франциск на денешната миса во Скопје носеше уникатна облека во националните бои на Македонија. Мисницата е дар од младиот брачен пар Драган Георгиевски и Марија Георгиевска Ристовска.

— реклама —

Материјалот за мисницата е направен од сто проценти волна во бела боја испреплетена со златни нитки. Ширитот кој се наоѓа напред и одзади е во црвена боја проткаена со златни нитки.

„Ширитот и златниот извез, т.е. црвената и жолтата боја ги означуваат националните бои на Северна Македонија. На врвот на ширитот се наоѓа знакот на Дружбата Исусова која е претставена со огнено сонце на кое со црвена боја е испишан монограмот IHS. Над буквата H се издигнува крст, а под монограмот се наоѓаат три клинци во црна боја. Од него излегуваат пет златни црти кои ги означуваат петте Исусови рани, Исусовата апсолутна жртва на крстот. На тие црти се распоредени цветови од нард кои го симболизираат св. Јосиф, заштитникот на сеопштата црква. Извезот завршува на дното со ѕвезда која ја симболизира Пресвета Дева Марија, Мајката Христова и Мајката на Црквата. Одзади се повторува истата симболика, само наместо знакот на Дружбата Исусова има монограм, иницијалите на Исус Христос со алфа и омега. Монограмот IHS, ѕвездата и нардовиот цвет се преземени од папскиот грб, а тие се повторуваат како на мисницата така и на митрата и штолата“, пишува од официјалната страница креирана за посетата на папата.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања