Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Парче од Ајфеловата кула продадено на аукција во Париз

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 часа -

Магазин
img-361964

Дел од оригиналното спирално скалило на Ајфеловата кула е продаден за повеќе од 450.000 евра на аукција во Париз.

Купувачот, кој присуствувал во аукциската сала, станал сопственик на сегмент од скалите со 14 скалила, висок 2,7 метри и тежок 1,4 тони. Станува збор за дел изработен во 1889 година, кога била завршена Ајфеловата кула.

— реклама —

„Кога купувате дел од Ајфеловата кула, купувате дел од Париз, заедно со целата симболика што ја претставува“, изјавила Сабрина Дола, директорка за арт деко дизајн во аукциската куќа „Арткуријал“, каде што се одржала продажбата.

— реклама —

Пред повеќе од четири децении, околу 160 метри од оригиналното скалило биле исечени на помали делови и продадени, а на нивно место биле поставени лифтови што денес ги превезуваат посетителите до видиковецот на кулата.

— реклама —

Делот продаден во четвртокот достигнал цена од 450.160 евра, што е трипати повеќе од проценетата вредност пред аукцијата, која изнесувала меѓу 120.000 и 150.000 евра.

Во 2008 година, друг дел од скалилото бил продаден на приватен американски купувач за рекордни 550.000 евра.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања