Пари за функционерите има - за студентите нема, до кога ќе трпиме вакви работи, велат од Студентски отпор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Коментари
340134246_1453280375442628_2779494023742439739_n

Пари за функционерите има - за студентите нема. Во ситуација каде што МОН и владата континуирано тврдат дека „од наредниот месец“ ќе се исплаќа навремено субвенциониран студентски оброк и стипендии, кога студентите од минатата академска не се обештетени поради „правни процедури„ - многу брзо се сложија дека покачување на нивната плата за 78% треба да има, велат од Студентски отпор.

— реклама —

„Оваа е последна во долга континуирана низа на постапки каде што надлежните институции со дела покажуваат дека за студентите, средношколците, младите воопшто не им се приоритет. Особено во споредба со полнење на сопствените џебови.

— реклама —

Студентите ќе слушаат предавања во со децении стари, не реновирани објекти, ќе плаќаат илијадници денари во скриени трошоци секој семестар, ќе бидат жртви на легална корупција од страна на партиски обоени професори, но затоа за децата на Јетон Шаќири со новото покачување, ќе имаат доволно средства за уште едно ламборџини.

— реклама —

Стипендиите повторно доцнат, МОН повторно нема слух, факултетите се распаѓаат, кадар недостасува, имаме неверојатен одлив на мозоци - но најважното од се јавните функционери си ја покачија платата за 78%.

ДО КОГА ЌЕ ТРПИМЕ ВАКВИ РАБОТИ ДРАГИ НАШИ КОЛЕГИ, ДО КАДЕ НИ Е ПОЛНА ЧАШАТА“, додаваат студентите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања