Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Парична казна до 3000 евра или една година затвор за оние кои измачувале и спалија куче

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
zapaleno-kuce

Полицијата сеуште трага по сторителите на немилиот настан во кој во Стојаково куче беше измачувано и спалено живо.

— реклама —

Во разговор со Наталија Миленкова од Здружението за заштита на животни – „Анима Мунди“, таа ни посочи дека делото кое се случи во Стојаково е казниво по два закона, Кривичниот и Законот за заштита и благосостојба на животните.

— реклама —

„Во кривичниот законик на Р.М. ова дело е предвидено во чл.233 кој гласи: (1) Тој што грубо злоупотребува животно или го изложува на непотребни маки или му нанесува непотребни болки или заради изживување го изложува на страдање, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година. (2) Тој што со нехранење, непоење или на друг начин изложува животно подолго време на тегобна состојба, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.

Додека пак, со Законот за заштита и благосостојба на животните во чл. 67 е предвидена глоба од 3000 евра за физичко лице кое ќе предизвика болки, патење или повреди, сурово и нехумано се однесува кон животните и ги убива спротивно со одредбите од овој закон (член 4 став (6))“ вели Наталија од „Анима Мунди“.

— реклама —

Од Здружението додаваат и дека бројот на процесирани пријави за вакви дела не е на посакуваното ниво, што од неедуцираност на надлежните органи, а многу често Полицијата не сака да излезе на терен и да собере докази, со што пријавите завршуваат во фиока.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања