Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Парични награди за првенците на генерација во Општина Аеродром

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
5_edited

Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, денеска им додели пофалници и еднократна парична награда во висина од 10 илјади денари на осумте најдобри ученици од основните училишта од Општината за учебната 2018/2019 година.

— реклама —

Овие ученици во изминатата учебна година беа прогласени за првенци на генерација, со што успешно го завршија образовниот процес во училиштата на територијата на Општина Аеродром и веќе го почнаа средношколското образование.

Наградени се учениците: Филип Гавриловски од ООУ „Љубен Лапе“, Јован Парлапанов од ООУ „Браќа Миладиновци“, Нора Таскова од ООУ „Блаже Конески“, Мила Николовска од ООУ „Гоце Делчев“, Мартина Ивановска од ООУ „Димитар Македонски“, Андреа Ѓореска ООУ „Ѓорѓија Пулевски“, Мила Спасевска од ООУ „Лазо Ангеловска“ и Давид Ставров од ООУ „Александар Македонски“.

— реклама —

Општина Аеродром за прв пат од своето постоење ја воведе оваа парична награда со цел да се стимулира талентот на учениците и да се мотивираат за постигнување уште поголеми успеси.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања