Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Парите за учебници завршија кај поранешен фунционер на ДПМНЕ и обвинет од СЈО, вели Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
ucebnici

Додека ВМРО-ДПМНЕ ја скандализира изјавата на министерот Шаќири дека нема доволно средства за печатење учебници, буџетските пари за учебници завршија во фирма на нивен сопартиец, вели Левица

— реклама —

„Имено, во 2022 година, „ЕВРОПА 92 ДООЕЛ Кочани”, фирма на поранешниот пратеник и градоначалник од редовите на ДПМНЕ, Ратко Димитровски, има наплатено 7.885.252 евра од МОН за печатење учебници, што е близу 2/3 од вкупната сума издвоена за учебници од вкупно 12,5 милиони евра.

— реклама —

Односно, минатата година одделени се по 50 евра за учебници за секој ученик во државава, од прваче до матурант. Сепак, голем број ученици немаат учебници или учат од стари, парталави учебници кои се печатени пред десетина години.

— реклама —

Токму Ратко Димитровски беше еден од обвинетите во случајот „Поштенска банка, кој го покрена СЈО. Тоа што овој случај нема судска разрешница, а контроверзната фирма продолжува да добива државни пари - потврдува дека во пракса функционира широката коалиција на СДС, ДПМНЕ и ДУИ.

— реклама —

Наместо да ја замајуваат јавноста и да глумат загриженост за образованието, овие три криминогени партии треба пред јавноста да одговорат каде се парите од меѓусебните зделки со нивната олигархија“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања