Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

„Паркинзи“ претворено во штаб на ДС, вработени финансиери и роднини на министри, дециден е Стоилковски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
parking-vozila-koli

„Вчера соопштивме дел од вработените во Градски паркинг, од оние коишто се на листата на вработени членови и високи функционери на Демократскиот Сојуз на Павле Трајанов и веројатната причина за нивното учество во владината коалиција. Акцизи и даноци не смеат да се намалат за да може партиската војска на власта да зема пари. Демократски Сојуз со години го имаше ЈП Градски паркинг во Скопје како клон на партиското седиште во коешто се вработувани највисоки партиски функционери и нивни семејства и нивни блиски“, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Тој додава:

„Вчера издвоивме десетина имиња на роднини и блиски на Павле Трајанов претседател на Демократскиот Сојуз, како и на Владимир Кроневски член на претседателството на Демократскиот Сојуз, податоците се од оние кои што ни се доставени од укажувачи.

— реклама —

Денеска ќе набројам уште неколку имиња, на финансиери и роднини на првите луѓе во Демократскиот Сојуз. Билјана Ристеска внука на Русе Соколов еден од основачите и првите луѓе на Демократскиот Сојуз. Ивана Симоновска, роднина на Русе Соколов. Гоце Симоновски, сопруг на Ивана, роднина на Русе Соколов.

Горан Копчаревски, роднина на Панче Стојановски, функционер на Демократскиот Сојуз.

Павлинка Ганева Атанасов, сопруга на финансиер, донатор на Демократскиот Сојуз.

Игор Трајковски, еден од главните финансиери на Демократскиот Сојуз.

Сашко Димитровски, роднина на Зоран Димитровски, генерален секретар на Демократскиот Сојуз и заменик министер за локална самоуправа.

Ова се само дел од податоците доставени до нас од укажувачи.

Демократскиот Сојуз со години е привезок на власта веројатно за бенефитите, како службени автомобили, службени телефони, како и трговија со влијание, односно ослободување од плаќање паркинг во Скопје, една огромна афера за која што информиравме неодамна.

За Демократскиот Сојуз нема идеологија, нема економска криза, бидејќи со години како привезок на власта Градски паркинг служел како партиска испостава.

Одлепеноста на власта нема дно. Сега очекувам Павле Трајанов и Демократскиот Сојуз да ве убедуваат дека економските политики на владата се одлични, само и само да добијат ново сместување за своите роднини и пријатели во нови јавни претпријатија“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања