Промени тема
Контакт

Паркот „Авионче“ станува центар на забавата: AERO Street Food Festival од 4 до 8 септември

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Скопје
media-library20e7ril6brgu7acDh8J

Од 4 до 8 септември, паркот „Авионче“ ќе пулсира во ритамот на македонската музиката во живо, диџеј-сетовите, гастрономските натпревари и специјалните трибјути посветени на Владо Јаневски и ДНК.

Од 4 до 8 септември 2026 година, паркот „Авионче“ повторно ќе стане највкусната и најразиграната точка во Скопје. Второто издание на AERO Street Food Festival носи пет фестивалски вечери исполнети со улична гастрономија, концерти, диџеј-сетови и интерактивна забава за публиката.

Под мотото „Поголем, позвучен и поразновиден!“, фестивалот годинава подготвува богата музичка програма. Секоја вечер на сцената ќе настапуваат по еден бенд и по двајца диџеи.

„AEROStreetFoodFestival е настан што потврдува дека Аеродром е општина во која се создаваат убави моменти, се негува културата и се гради заедништвото. Навистина ми е драго што и годинава паркот „Авионче“ ќе биде место за музика, дружење, добра храна и забава за сите генерации. Како Општина, секогаш ќе ги поддржуваме настаните што носат позитивна енергија, ја збогатуваат понудата за нашите граѓани и го оживуваат јавниот простор. Верувам дека фестивалот ќе прерасне во убава традиција и секој септември ќе носи посебна атмосфера во Аеродром. Ги поканувам сите да бидат дел од оваа фестивалска приказна“  изјави Дејан Митевски – градоначалник на општина Аеродром.

— реклама —

Особено емотивно и музички моќно ќе биде големото финале на 8 септември, кога фестивалот ќе заврши со вечер посветена на македонските легенди, Владо Јаневски и ДНК.

Последната фестивалска вечер ќе биде прослава на песните што оставија силна трага во македонската музичка историја и кои публиката ги пее од првиот до последниот стих.

— реклама —

„Како и секоја година, остануваме посветени на македонските изведувачи и домашната музика. Во текот на петте фестивалски вечери, публиката ќе ужива во богата музичка програма, врвна улична храна и бројни забавни предизвици. Веруваме дека AERO Street Food Festival и годинава ќе понуди незаборавно урбано доживување за сите генерации“, изјави Владимир Темелковски, еден од организаторите на фестивалот.

Забавата, сепак, нема да се одвива само на музичката сцена. Секоја вечер посетителите ќе можат да учествуваат во натпревари во брзо јадење, квизови со прашања и одговори, како и во други забавни фестивалски предизвици. Најхрабрите и највештите учесници ќе имаат можност да се натпреваруваат пред публиката и да освојат интересни награди.

— реклама —

Фестивалот веќе втора година по ред ја има клучната поддршка од Општина Аеродром, која уште од почетокот ги препозна вредностите на фестивалот и неговото значење за локалната заедница. А од годинава поддршка дава и Град Скопје, придонесувајќи кон збогатување на културната, забавната и гастрономската понуда на градот. Со афирмацијата на домашната музика, локалните гастрономски брендови и урбаната фестивалска култура, настанот прераснува во нова септемвриска традиција во Скопје.

Од добра храна и музика во живо до натпревари, дружење и незаборавни трибјути – од 4 до 8 септември, паркот „Авионче“ ќе биде местото каде што Скопје ќе јаде, ќе пее и ќе се забавува заедно.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања