Промени тема
Контакт

Парламентарното мнозинство секогаш има мнозинство и претседател на Комисијата за избори и именувања, вели власта

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
sobranie

Во досегашната парламентарна демократија има правила и норми кои од резултатите на парламентарните избори ги создаваат односите во составите на собраниските комисии, истакна пратеникот од СДСМ Диме Велковски на денешната собраниска седница.

„Многу е едноставно, ако има 21 комисија, во моментов според бројот на пратеници, осум претседатели на комисии имаат ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и осум има парламентарното мнозинство до 21 имаат другите партии. Ниту некому се одзема ниту пак додава. Само да ве потсетам дека кога го гласавме Фадил Зендели за потпретседател на Комисијата за избори и именувања, никој од тогашната а и од сегашната коалиција не гласаше За“ истакна Велковски.

— реклама —

Тој посочи дека со Комисијата за избори и именувања досега постојано претседавал пратеник од редовите на парламентарното мнозинство.

„Ако ВМРО-ДПМНЕ успееше да добие парламентарно мнозинство, тоа ќе го пресликаше во другите комисии. Се работи за основно функционирање на Комисијата за избори и именувања. Само за потсетување, пред неколку години координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ беше претседател а позицијата секогаш го имало мнозинството во Комисијата. Исто како што опозицијата и тогаш и сега, го има мнозинството во Комисијата за следење на комуникациите. И тоа е дел од Деловникот.“ заклучи Велковски.

— реклама —

Линк до видео:

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања