Партијата Левица поднесе Барање за инспекциски надзор за копањето песок во Охридското Езеро

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
pesok-od-ezero

Од партијата Левица поднесле Барање за инспекциски надзор до Државниот инспекторат за животна средина во однос на случајот со копање песок на брегот на Охридското Езеро.

— реклама —

-И во овој случај е инволвиран заштитениот советник на старо-новата коалиција, Нефи Усеини, со оглед што недозволените активности се одвиваа во близина на спорната бетонска база која е во негова сопственост. На едно од најстарите природни езера во светот му се случува екоцид, директно поддржан од бизнис-апетитите на коалицијата СДС-ДУИ и нивните локални бандити. Нема холивудско рушење дивоградби, нема санкции за сторителите, нема План за заштита на специфичниот биодиверзитет, нема никаква визија и волја од политичките елити за Охридското Езеро како уникатен природен и културен споменик да се валоризира и заштити неговата специфичност – туку единствено се гледа како максимално да се експлоатира неговиот потенцијал за да задоволат нечии краткорочни лукративни интереси. Доколку Државниот инспекторат за животна средина одбие да постапи по нашето Барање во законски предвидениот рок, ќе ги искористиме законските механизми кои ни стојат на располагање за непостапување на надлежните институции, потенцираат од партијата.

Неодамна, од компанијата „Нефи ИК“ излегоа со официјално соопштение во кое тврдат дека компанијата не стои зад овој случај и дека не вадат песок од езерото.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања