Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Партијата на Љубчо: Во Република Северна Македонија очигледно постојано се рециклираат силите кои сакаат да го запрат патот кон европската интеграција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
ljubco

„Најновата хистерија повторно го врати македонскиот јазик на прво место и покрај тоа што е кристално јасно дека за цела Европска Унија и за цел Свет веќе македонскиот јазик е чист и непроблематизиран. Факт е дека Република Бугарија за да излезе од спорот и дала зелено светло на Европската Унија да го прифати македонскиот јазик со тоа што таа останува на своите позиции дека за неа тоа се бугарски дијалекти“, велат од ВМРО-НП.

— реклама —

Тие додаваат:

— реклама —

Но повторно ќе нагласиме, јасно е дека таа има дозволено на ЕУ со нас да комуницира на македонски јазик што може да се смета за огромна победа и успех во одбраната на македонскиот јазик како идентитетско прашање со оглед на аргументите и доказите со кои располага бугарската наука.

— реклама —

Впрочем колку е голема нашата победа, ја повикуваме македонската академија на науки и уметности конечно еднаш во Македонија, во оригинал и во фототипни изданија да ги објави делата на браќата Миладинови, Кузман Шапкарев, Партение Зографски, Јоаким Крчовски, Кирил Пејчиновиќ, на Рајко Жинзифов, Григор Прличев, Теодосиј Синатиски и да не ги редиме сите преродбеници.

— реклама —

Самиот факт што најголемиот број од нивните дела досега не се објавени во оригинал во нашата држава зборува многу и повторно сакаме да кажеме токму заради тоа сметаме дека победата на македонскиот јазик е голема во овој момент.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања