Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Партијата на Љубе Бошковски: Наместо да го осознаваме минатото, треба да ја планираме иднината

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Lube-Boshkoski

„Жешко лето за Република Северна Македонија и Република Бугарија.  Комисиите за историски прашања од двете земји дебатираат за одредени

личности и дати за славење. Обединети за Македонија сугерира на конструктивност, врз основа на   Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија   и Бугарија. Целта на Договорот е да се развиваат пријателството и

соработката. До каде сме со тоа?

— реклама —

За сите револуционери постојат архиви, документи, потоа писма напишани  со нивен ракопис и изјави за странски весници.

Наместо постојано да го осознаваме минатото, треба да фрлиме   самокритичен поглед на сегашноста и да ја планираме иднината.

Наместо да се фокусираме на сегашните заеднички проекти и заедничката   иднина и паралелно да дебатираме, ние се фокусиравме повторно само на

— реклама —

минатото“, се вели во соопштението од Обединети за Македонија.

„Да погледнеме објективно и со студени глави на само еден „резултат“ од   досегашните политики: во 21. век, двата главни града се на

оддалеченост од само 240 километри, но и на цели четири часа со   автомобил. А потребна ни е комуникација, економска соработка и

заеднички просперитет. Да се фокусираме на меѓусебна комуникација и заеднички да се

— реклама —

фокусираме на иднината на нашите млади, преку образование, економија,   инфраструктура, култура, а паралелно, нека течат и дебатите,  секако,

поткрепени со факти. Тоа нека ни е приоритет. Да се осознаеме, комуницираме, дружиме и

зближиме. Да градиме мост.

— реклама —

Со градењето на мостот за пријателство, сами, по природен пат ќе го  осознаеме и вистинското минато, незагадено од конструкции, пропаганда

и квази-историчари“, се додава во соопштението од партијата на Љубе Бошковски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања