Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Партијата на Меркел е против брз почеток на преговори со Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
merkel

Партиите на Унијата (ЦДУ/ЦСУ) се против брз почеток на преговори со Македонија и Албанија за приклучување кон ЕУ. Одлука веројатно ќе биде донесена во октомври, вели Гунтер Крихбаум од ЦДУ, пренесе „Дојче веле“.

— реклама —

„Додека се донесе одлука ќе дојде октомври“, вели претседателот на Комисијата за европска политика на Бундестагот, Гунтер Крихбаум од Христијанско-демократската унија. Тој за агенцијата ДПА оценува дека „сигурно нема да има ништо“ од позитивно изјаснување на 28-те земји членки на Унијата веќе на средината од јуни.

— реклама —

Државниот министер за Европа во германското Министерство за надворешни работи, Михаел Рот (СПД), пак, притиска за брз почеток на преговорите. „Сега ЕУ треба да испорача“, пишува Рот во гостински коментар за весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

— реклама —

Во Германија зелено светло мора да даде Бундестагот, а тоа нема да биде можно доколку пратеничката група на Унијата (ЦДУ/ЦСУ) не се согласи. Членките на ЕУ во основа се согласија со почеток на преговори со Албанија и  Македонија во јуни минатата година, меѓутоа почетокот на преговори беше условен со натамошни реформски чекори. Хан веќе предупреди дека одлагање и непризнавање на објективно постигнат напредок од страна на кандидатите би можело да има драматични последици за земјите и за регионот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања