Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Партијата на Орбан исклучена од ЕПП

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет

Партијата Фидес на унгарскиот премиер Виктор Орбан, е суспендирана од страна на Европската народна партија (ЕПП).

— реклама —

Овој потег доаѓа после неколкумесечните лоши односи меѓу Орбан и Европската народна партија, а максималното ниво го достигна по нападите на унгарската Влада кон претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер.

— реклама —

Суспензијата следува по состанокот на собранието на ЕПП во Брисел, кој ја одобри суспензијата со 190 гласа за и три против, напиша претседателот Жозеф Даул на „Твитер“.

— реклама —

Тоа ќе значи дека партијата нема да може да учествува на состаноците на ЕПП, да гласа за одлуките на ЕПП или да предложи кандидати за местата во ЕПП.

Казната можеше да биде и поголема, откако неколку членки на партијата дадоа предлог партијата Фидес да биде целосно исфрлена од ЕПП.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања