Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Партијата на Павле Трајанов бара Македонија да биде една изборна единица, со цел и малите политички партии да имаат фер услови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
pavle-trajanov

Македонија да биде една изборна единица, велат од Демократскиот сојуз - партијата на Павле Трајанов. Коментарите за можни предвремени парламентарни избори се се погласни деновиве. Од Демократскиот сојуз сметаат дека треба прво да се направат измени во Изборниот законик и да се обезбедат исти предуслови за фер политички натпревар, па после тоа да се организираат парламентарни избори. Од таму ги повикуваат сите помали партии заедно да се ангажираат со цел заедно да се изборат за фер услови за политички натпревар“.

— реклама —
— реклама —

Според демократскиот сојуз, само со една изборна единица составот на Парламентот ќе биде реален одраз на волјата на граѓаните и ќе се зголеми одговорноста на извршната власт, како и влијанието на граѓаните при носењето на важни одлуки за перспективите на државата.

— реклама —

Постојниот изборен модел со шест изборни единици, промените за финансирање на политичките партии, медиумската презентација, редоследот на партиите на гласачките ливчиња, составот на избирачките одбори, Државната изборна комисија и сл., ги форсираа двете партии, ВМРО -ДПМНЕ и СДСМ, овозможувајќи им 28 години да бидат на власт, без било какви шанси и можности да дојде трета партија на власт.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања