„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Партијата на пензионери: За три месеци да се одложи предлог законот за трговија на зелените пазари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
pazar

Партијата на пензионери (ПП), иако ја подржува основната цел во законска рамка да се уредат сите прашања со кои се прецизираат условите и начинот на вршење на трговијата на зелените пазари во Република Македонија, правата и обврските на трговците и организаторите на зелените пазари,  искажува загриженост и резерви во врска со Член 7 став 2 од Предлог законот за трговија на зелените пазари, со кој помеѓу субјектите кои не може да вршат трговија како „трговец на зелени пазари“  се опфатени и физички лица кои остваруваат приходи по основ на пензија

— реклама —

„Имено, во Предлог законот, не е предвидена законска можност, дури и пензионери кои имаат сопствено земјоделско или друго производство, да можат вишоците да ги продаваат, со што истите се оневозможени и со плаќање на другите давачки и даноци, да го подобрат својот и семејниот стандард.

Поаѓајќи од фактот дека со примена на овој член од законот можат да бидат засегнати поголем број на граѓани, како и дека тоа може да предизвика загрозување на нивниот материјален и социјален статус, Партијата на пензионери смета дека е потребно да се одложи неговата примена за најмалку три (3) месеци, со цел да се изнајде решение кое нема да ги загрози основните цели на Законот, а истовремено ќе ги обезбеди и нивните права.

— реклама —

Поткрепа и основа на ваквиот став Партијата на пензионери наоѓа во Уставот на Република Македонија во кој е регулирано правото на секој граѓанин да работи и под еднакви услови да му е достапно секое работно место, во врска со што, а со цел законско уредување на правото на работа по остварување на право на пензија, претставник на партијата ќе поднесе иницијатива за изменување на членот 148 став 1 од Законот за пензиско и инвалидско осигурување“, се наведува во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања