Алијансата за Албанците ја изразува својата загриженост поради недостигот на информации од страна на МВР во врска со случајот со автомобилот на инспекторот со кое се превезуваа наркотични средства. Тие велат дека дури и по повеќе од една недела, надлежните органи не даваат појаснувања какви правни мерки се преземени од страна на внатрешната контрола во рамките на МВР во врска со споменатиот случај.
„Кој е инспекторот чие што возила го користеле за транспорт и продажба на наркотици и какви мерки беа преземени против него како припадник на МВР? Алијансата за Албанците перманетно ги осудува ваквите случаи и бара одговорност од органите на редот и обвинителството, но јавноста сè уште нема добиено никакво службено објаснување. Нашите дилеми и сомневања се засноваат на фактот дека недостатокот на транспарентност во овој случај е резултат на политичкиот притисок од страна на ДУИ, засновано врз неофицијални извештаи пласирани во медиумите дека возилото со кое се превезулаве и продавале наркотиците е во сопственост на партиски функционер на ДУИ од Гостивар“, пишува во соопштението на Алијансата за Албанците.
Тие бараат од министерот Оливер Спасовски и заменик министерот Агим Нухиу да одговорат какви мерки се преземени од страна на Министерството кон нивниот припадник и во која фаза на постапка се наоѓа соодветниот предмет.