Патниците го запреле трамвајот во Германија, откако возачот се онесвестил

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
tramva1

Патниците кои успеале да го запрат брзиот трамвај во Германија, откако возачот изгубил свест додека возел, биле прогласени за херои. Во трамвајот што во неделата сообраќал низ градот Бон дошло до паника бидејќи возилото не застанувало на станиците.

— реклама —

Во неделата во трамвај што сообраќал низ градот Бон настанала паника бидејќи возилото не застанало на неколку станици. Двајца патници упаднале во кабината на возачот кој не одговарал на никаков обид за комуникација.

— реклама —

Една патничка се јавила во транспортната компанија за да добие насоки за запирање на трамвајот, по што патниците успеале да го запрат.

— реклама —

Пред да влезат во кабината на возачот, преплашените патници ја повикале полицијата затоа што рачката за сопирање во итни случаи не работела.

Инцидентот се случил околу 01 часот по локално време, пренесе хрватски „Индекс“.

Од локалното транспортно претпријатие SWB соопштија дека рачката за итни случаи не е за да го запре возилото, туку да го предупреди возачот за проблематична состојба. Во трамвајот имало систем кој испраќа предупредување ако возачот загуби свест, но се чини дека тој не функционирал во моментот.

Возачот е во болница каде се опоравува.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања