Според Владимир Пивоваров, Национален координатор за гранично управување, одговорноста за трагичната автобуска несреќа која се случи во Бугарија имаат и граѓаните како што имаат и институциите. Тој во „25 минути“, интервју за 24 вести зборуваше за фактот што автобусот немал лиценца.
– Дали некој од патниците прашал или побарал да види дали возилото со кое патувале има интербус дозвола? Верувам дека не – изјави тој во интервјуто.
Но, веднаш по одговорот, новинарката го праша дали кога граѓаните влегуваат во такси, претходно треба да одат до такси-компанијата и да бараат регуларна лиценца, на што тој одговори потврдно.
– Јас кога влегувам во такси барам тоа да е лиценцирано такси, поради мојата лична безбедност – рече Пивоваров.