Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Патник алармирал дека се појавил чад во автобусот на ЈСП

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје

Двокатен автобус на ЈСП Скопје што сообраќал на линијата со број 5 утрово се запали на улицата Ѓорче Петров, во близина на општинската зграда. Меѓу патниците во автобусот нема повредени.

Шест пожарникари од Противпожарната бригада на Град Скопје веднаш пристигнаа кај запалениот автобус, со две возила, а нивната брза интервенција овозможи огнот да биде изгаснат и да не се предизвикува дополнителна штета.

— реклама —

Според сведоштвото на возачот, еден од патниците што се возел на горниот кат, алармирал дека се појавил чад. Возачот веднаш го застанал автобусот, ги симнал патниците и се обидел сам да го изгасне пожарот со противпожарен апарат, но не успеал, па ги повикал пожарникарите кои веднаш дошле на местото на настанот и проширениот пожар го ставиле под контрола и го изгаснале. Екипите на Министерството за внатрешни работи вршат увид на местото на настанот и ќе утврдуваат причините за пожарот.

— реклама —

 

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања