Останаа неасфалтирани уште 3 километри од патот кој води до депонија Русино. Освен камионите, обичните автомобили тешко можат да стигнат до депонијата. Но иако не е завршен, министерот за локална самоуправа, Горан Милевски, заедно со градоначалниците на Тетово и Гостивар, Арифи и Таравари, отидоа свечено да го пуштат во употреба патот, објави tv21.tv
Теута Арифи вели дека овој проект се реализира со заеднички договор меѓу општините и локалната самоуправа.
Градоначалникот на Гостивар Таравари вели дека овој проект требало да почне и да заврши одамна поради постојаните барања на жителите од овој регион.