Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

„Патот на Баба Јага“ на Хана Корнети победник на „Конкурсот за драмски текст“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Магазин

„Патот на Баба Јага“ на Хана Корнети е прогласен за победник на „Конкурс за драмски текст“ – Распишан од „Здружението на драматурзи и сценаристи на Р. Македонија“ и „Драмски театар – Скопје“.

— реклама —

— реклама —
-Драги, колеги, учесници во конкурсот и вљубеници во македонскиот театар и македонската драма. Чест ми е, како Претседател на „Здружението на драматурзи и сценаристи на Р. Македонија“ и Претседател на жири комисијата за распишаниот конкурс, во состав: Југослав Петровски (претседател),  Драгана Лукан (член) и Викторија Рангелова (член ), да ви соопштам, дека на првиот конкурс за најдобар драмски текст – кој го распишува „Здружението“ е прогласен – драмскиот текст:

“Патот на Баба Јага“ на Хана Корнети.

Водејќи се по основните принципи и задачи, а особено целите – зошто е формирано оваа здружение, го избравме драмскиот текст -„Патот на Баба Јага“ на Хана Корнети , за најдобар, од сите останати текстови пристигнати на конкурсот.

1. Овој текст во себе содржи најмногу елементи  и квалитети кои ги форсира и во иднина ќе инсистира на нив “Здружението на драматурзи и сценаристи на Р. Македонија“.

2. Овој текст, се издвојува од другите, пред се по тоа што има квалитетно изработени драмски ситуации, има добро изградени карактери, и особено е битно што во себе ги има сите занатски ( драматуршки ) елементи кој еден вистински драмски текст мора да ги има во себе, и истите се направени на добар и квалитетен начин.

За овој текст е исто така карактеристично што во себе има надградено една едукативна  нитка и носи јака современа порака – што е битно за публиката на која се обраќа текстот, а тоа се децата. Значи се работи за драмски текст напишан за деца, кој по нас е исто така квалитет плус, бидејки сметаме дека оваа публика е мошне значајната, на која современите драмски писатели мора што по често да и обрнуваат внимание.

( Образложението на жири-комисијата – во целост ќе биде прочитано на денот на  -“Јавното читање„ на наградениот текст. )

Јавното читање на текстот ќе се одржи во “Драмски театар – Скопје“, за што, сите заинтересирани ќе бидат обавестени, и лично, и преку медиумите.

По “Јавното читање на наградениот текст“ ќе се отвори јавна – дебата, на која ќе се зборува за состојбата на македонската драматургија, како и за целите и правците на делување на „Здружението“ – во правец на подобрување на моменталната состојба со македонската драма, истакна Југослав Петровски, претседател на “Здружението на драматурзи и сценаристи на Р. Македонија.“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања