Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Пауновски за Фактор: Во ексклузивниот локал „Трибека“ сношти вистински хаос, се фрлаа маси и столици

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
policija-4

Во повеќе градови синоќа инспекторите на Пазарниот инспекторат затвориле повеќе угостителски локали заради прекорачување на работното време, како и поради не придржување на протоколите за превенција од Ковид-19. Директорот Стојко Пауновски, утринава за Фактор потврди дека најтешко поминале во Скопје во обид да ги затворат оние кои не ги почитувале мерките.

— реклама —

-Во Скопје беше најнапнато. Во ексклузивниот локал Трибека инспекторите беа сведоци и на физичка пресметка. Таму било вистински хаос. Се фрлале и маси и столици. Изречени се казни за прекорачување на работното време. Не ми е јасно како народов не разбира дека работното време е до 21 часот. Инспекторите ми се јавија неколку пати, „што да правиме“, прашуваа. Јас бев дециден им реков, празнете, затворајте. Што да кажам, тоа се случува постојано. И во Волково, во куќа-ресторан едвај успеале да ги затворат. Оставаме последна фискална сметка некогаш да издадат и во 21.10, но сведоци сме на издадени сметки и во 21.25. Што е многу, многу е. Записникот од Волково на пример е направен дури во 4.15 утринава, катастрофа, цела ноќ се расправаме, вели Пауновски.

Текстот во целост на: Фактор

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања