Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Павле Богоевски се самоизолира - бев на службен пат во Германија, можете да ме добиете само по телефон или преку електронска комуникација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
pavle

ФБ статус на Павле Богоевски:

Наредниве две недели ќе можете да ме добиете само по телефон или преку електронска комуникација. Кога мерките за превенција и сузбивање на коронавирусот стапија на сила, јас бев на службен пат во Германија (земја од среден ризик) и наредните две недели се разбира, ќе бидам во самоизолација. Во моментов сум без симптоми. 🙂

— реклама —

Прво, сакам да му честитам на Филипче и неговиот тим за навремената, координирана и транспарентна рекација на ситуацијата. Начинот на кој се справуваат влева сигурност и дејствува смирувачки во целиов хаос и бура од лажни вести и тенденциозни политиканства на сметка на здравјето и емоциите на граѓаните.

Второ, сакам да укажам на можен проблем со имплементацијата на мерките. Иако нам ни се добро познати, забележав дека мал дел од патниците знаеа за мерките. Посебно делот за самоизолација и препораката за јавни собири.

— реклама —

Доколку се враќате од некоја од државите со среден и висок ризик, комуницирајте ги мерките со останатите патници. Маските се корисни, но нивниот бенефит е ограничен и на крајот, сепак ќе го дишете истиот воздух со сите други патници на таа дестинација. Така, неколкуте разменети зборови нема да ве изложат многу повеќе од што и без тоа сте изложени. Испратете им порака на сите пријатели за кои знаете дека патот може да ги носи натаму.

Најважно од сѐ: Без паника! Што сѐ не поминавме, па за една корона ли… 😉

https://www.facebook.com/PavleBogoevski/posts/10220550288930266

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања