Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Павле Трајанов достави измени на Изборниот законик, се предлага Македонија да биде една изборна единица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
pavle-trajanov

Денес, пратеникот и претседател на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, ги достави предлог измените на Изборниот Законик, на мислење до сите пратеници, со цел да можат да се искажат свои ставови и сугестии по истите.

— реклама —

Со Предлог-Законот за изменување на Изборниот Законик, со кои се предлага Македонија да биде една изборна единица, да остане пропорционалниот модел и без изборен праг. Пресметката за избор на пратеници да се одвива со Донтовиот количник.

— реклама —

Со измените се очекува составот на Парламентот да биде реален одраз на определбата на граѓаните, да се зајакне владеење на правото, да се развиваат демократските процеси и создадат услови за системски промени во државата.

— реклама —

Врз основа на досегашните консултации, поголемиот број од партиите се за Македонија да биде една изборна единица (останува и можност тројца пратеници да бидат нашите иселеници), но има размислувања да имаме и отворени листи, да има изборен праг и сл.

По сумирање на забелешките, се очекува идната недела повеќе пратеници да бидат предлагачи на измените во Изборниот Законик, велат од Демократскиот сојуз.

фото: демократски сојуз

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања