Промени тема
Контакт

Пазар дипломатијата на власта прави сериозни отстапки со кои се нарушуваат националните и државни интереси, вели Стоилковски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
NaumStoilkovski18042021

Пазар дипломатија се однесува на онаа лоша политика која што до сега ја гледавме од страна на власта и оние отстапки кои што се прават со што, всушност се нарушуваат преговарачките позиции за кои што, неодамна и ние и јавноста добивме потврда од поранешен министер, кој што се додека беше министер, всушност, одрекуваше дека станува збор за нарушување на националните и државни интереси во однос на пазар дипломатијата. Оценката за тоа дека, сепак беше на таа страна во однос на нарушување на националните и државни интереси и оваа пазар дипломатиј, беше и онаа понуда со доматите, во однос на твитер неговите активности, кога нудеше гајба македонски домат во замена за отпочнување на преговорите. Одтогаш поминаа повеќе години и сепак, Македонија е на истата позиција со нарушени национални и државни интереси и позиции во однос на она што значи сега, бугарска блокада, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски кој беше и модератор на денешната трибина во централниот штаб на партијата насловена „Заштита на националните и државни интереси, наместо пазар дипломатија“.

Стоилковски сподели и едно негово работно искуство со претставник на Европската комисија за Македонија од периодот на 2000-тите години, Ерик Мереер кој имаше добри видувања за состојбите на Балканот по однос на условувањата што земјите членки во унијата ги правата на земјите кандидати.

— реклама —

„Во еден од оние моменти на отворени прозорци и врати, бидејќи многу често се користи тој израз кога станува збор за пред некаков состанок, и евро преставници почнуваат да го наметнуваат сега е моментот, моментумот демек за нови ветришта да продуваат низ Европската унија. Ерик, во неврзан разговор после интервју вели, Европската унија и европските институции и европјаните, сметам дека неподготвени влегоа во проширување на Европската унија кон истокот, кон оние земји од Балканот и источниот дел на Европа. Затоа што, вели, вакви условувања какви што, и тогаш постоеше проблемот со Грција, имаат Грција кон вас ќе дојде Бугарија, ќе дојде да речеме некаква реакција помеѓу Србија и Хрватска, Србија и Црна Гора или Босна со Црна Гора. Значи оваа каша од условувања, кои што фактички немаат врска со европскиот начин на живот и на чин на размислување, на надминување на проблемите и она што значи основа на Европската Унија за отворени граници, движење и еднаквост помеѓу економијата и, воопшто, човековите права, туку напротив ќе служи како еден вид на морков и стап за задоволување на своите застарени идеи и желби“, истакна Стоилковски.

— реклама —

Тој потсети дека сето ова што денеска ни се случува и што секоја држава бара Македонија да прави отстапки и промена, на пример, на Устав дека доаѓаат од периодот кога Зоран Заев сеуште не беше на власт и кој што во Берн истакна дека не може Македонија да не е виновна а сите држави околу неа да се виновни.

— реклама —

„Зоран Заев пред да дојде на власт и да доведе до ситуација да потпишеме два договора со кои што бевме убедувани дека се затворени прашањата и дека се исполнети условите и треба да се почне со преговорите со Европската унија. А се тргна од една кажана реченица во Берн кога Зоран Заев стана и рече, не може Македонија да не е виновна и сите други околу неа да се виновни и ги отвори прозорците и вратите за промена и прифаќање на се и сешто“, рече Стоилковски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања