Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Пазарен инспектор заврши во притвор - примал поткуп, па го фатиле

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило две кривични дела – Примање поткуп од член 357 став 1 од Кривичниот законик.

„Како службено лице – помлад пазарен инспектор, осомничениот струмичанец во два наврати директно побарал и примил парични средства од лица од Радовиш за да не изврши службени дејствија што морал да ги изврши. Во првиот случај, при инспекциски надзор на 13 јуни, констатирал дека правен субјект нема регистрирано занаетчиска дејност, но за да не го констатира прекршокот од сопственикот побарал и примил 100 евра“, велат од Обвинителството.

— реклама —

„На 17 ноември, во деловен простор затекнал две лица кои вршеле берберска дејност без да бидат запишани во занаетчискиот регистар и од нив исто така побарал 100 евра за да не го констатира прекршокот на записник. Бидејќи тие во моментот немале толку пари кај себе, тој уште 2 пати се вратил во дуќанот и од нив примил по 3.000 денари“, се додава во соопштението на Обвинителството.

— реклама —

По предлог на јавниот обвинител, судијата на претходна постапка од Основниот суд во Струмица определи мерка притвор во траење од 30 дена за осомничениот.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања