ВО ЖИВО

Претрес на Јовановски: Kако им пресудија на 27 април, проституцијата во затвор, УЧК во 2001, МВР

Пазете на милениците: Кучешка чума во Скопје!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
321395609_407892374825757_3831575772104590212_n

ЈП Лајка на почеток на месец декември 2022 година е констатирана појава на инфективна болест штенечак – кучешка чума (Canine distemper) кај вкупно 5 заловени кучиња. Штенечакот е заразна болест предизвикана од вирус кој ги напаѓа респираторниот, гастроинтестиналниот и нервниот систем кај млади, но и кај возрасни кучиња, која доколку навремено се детектира и соодветно се третира може да се излечи. Кучињата најчесто се инфицираат преку кивање и кашлање од заболено куче.

— реклама —

Станува збор за вирусно заболување од високозаразна природа кое пред неколку месеци се појави и на улиците во Скопје, исклучително ризично по животот на заловените кучиња, без никаква опасност по здравјето на луѓето.

— реклама —

„Од појавата на првите пет случаи на почетокот на декември, постојано се соочуваме со нов број на позитивни случаи кај нови кучиња, кои пројавуваат симптоми, бидејќи болеста има долга инкубација од неколку недели. Ве информираме дека веднаш по констатирањето на првите случаи, согласно стручните ветеринарните препораки и насоки, преземени се низа превентивни мерки. Протоколот во прифатилиштето е во согласност со ветеринарната пракса и светските практики за управување на прифатилишта од овој тип и во консултација со ветеринарната фела, активисти и претставници на здруженијата за заштита на животни. Превентивни мерки кои се преземаат во прифатилиштето на ЈП ЛАЈКА: Забрана за заловување и враќање на бездомни кучиња во период од 30 дена, поради долгата инкубација на болеста и следствено, опасност кучињата да пројават знаци на болеста веќе откако ќе бидат вратени на локација. Затоа, во периодот од 30 дена во стационарот ќе се прифаќаат само кучиња кои се пријавени за агресивни или кои каснале граѓани. Внатрешна реорганизација, дезинфекција и санација на сите оддели – карантин, интензивна нега, пост-оперативен дел и вдомување. Во моментот сме под карантин, со што сме спречени активно да работиме на решавање на проблемот со уличната популација на кучиња. Застојот на програмата залови – стерилизирај – вакцинирај – врати ќе биде бргу надоместен во наредните месеци, но во моментов е недозволиво да се импровизира. Мерките кои се преземаат во овој период се неопходни и од исклучително важност, со цел да превенираме ширење на болест која е подмолна и фатална по здравјето и животот на кучињата“, обајвија од Лајка.

— реклама —

Aпелираме до сите активисти и приватни прифатилиште да спроведуваат соодветни мерки за превенција од понатамошно проширување.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања