Промени тема
Контакт

Пченица има повеќе од времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ кога немаше криза, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Pcenica

Граѓаните да бидат спокојни. Пченица има доволно и снабдувањето е во најдобар ред, a што е најважно домашното производство е зголемено благодарение на успешните земјоделски политики на СДСМ во изминатите години, вели СДСМ

„Лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ преку кои се обидуваат да ја вознемират јавноста пропаднаа.

Во изминатите години производството не само што не е намалено, туку е и значително зголемено за разлика од времето на ВМРО-ДПМНЕ кога немало криза.

Ако во 2017 година домашното производство на пченица било 195.888 тони, во 2021 година изнесувало 253.674 тони

— реклама —

Тоа се 50.000 тони повеќе од времето на ВМРО-ДПМНЕ, пченица произведена во време на пандемија, енергетска криза.

— реклама —

Со растот на домашното производство се намалува количината на увоз на пченица кој денес е речиси 13.000 тони понизок во однос на 2017 година.

И месо има во доволни количини. Владата предводена од СДСМ и институциите преземаат мерки за унапредување на домашното производство на месо.

— реклама —

Следува дополнителна финансиска помош за одгледувачите на свињи, како и поддршка за сточарите, со што ќе се спречи поскапувањето на цената на месото.

СДСМ како одговорна партија и во време на криза останува посветена на поддршка на домашното земјоделство кое е едно од нашите клучни стопански гранки“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања