Промени тема
Контакт

Пченица има повеќе од времето на ВМРО-ДПМНЕ кога немаше криза, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Pcenica

Сакаме уште еднаш да упатиме пораки до граѓаните да бидат спокојни. Пченица има доволно и снабдувањето е во најдобар ред, а што е можеби и поважно домашното производство е зголемено, вели СДСМ.

„Тоа се должи на успешните земјоделски политики на СДСМ во изминатите години.

Сите лажни вести и дезинформации на ВМРО-ДПМНЕ, преку кои се обидуваат да ја вознемируваат јавноста паднаа во вода.

Во последните години не само што производството на пченица не е намалено, тоа е и значително зголемено во споредба со времето на ВМРО-ДПМНЕ кога немало криза.

— реклама —

Ако пред пет години, во 2017 година, домашното прозиводство на пченица било 195.888 тони, тоа во 2021 година изнесувало 253.674 тони.

Тоа се 50.000 тони повеќе од времето на ВМРО-ДПМНЕ, домашна произведена пченица во време на пандемија, енергетска криза и сл.

Дополнителнон со растот на домашното производство се намалува количината на увоз на пченица кој денес е за речиси 13.000 тони понизок во однос на 2017 година.

— реклама —

Месо исто така има доволно, Владата и надлежните институции предводени од СДСМ преземаат мерки за унапредување на домашното производство на месо.

Во таа насока е и вчерашниот договор со претставници на здруженијата за дополнителна финансиска помош за одгледувачите на свињи, како и поддршка за сточарите, со што ќе се спречи поскапување на цената на месото.

— реклама —

Како одговорна партија продолжуваме да носиме и реализираме мерки кои се во интерес на земјоделците.

Во време на глобална криза, особено важно е да го поддржиме домашното земјоделство кое е една од нашите клучни стопански гранки“, се вели во соопштението,

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања