Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Пецаков: Да го чуваме споменот на хероите кои се жртвуваа за слободна Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

ОО
media-librarye9d0qqtdkbk03Ee2GvW

Со свечен настан во Културниот дом во Лескоец беше одбележана 85-годишнината од Денот на народното востание – 11 Октомври, под мотото „Од востание до независност – 85 години борба, 35 години независност“.

— реклама —

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, истакна дека 11 Октомври е денот кога македонскиот народ ја избрал храброста и ја претворил надежта за слобода во одлучна борба, оставајќи траен белег во историјата.

— реклама —
— реклама —

Тој нагласи дека Охрид и Дебрца имаат значајно место во народноослободителната борба и дека обврска на денешните генерации е да го зачуваат споменот на хероите кои ги положиле животите за слободна Македонија и нивното дело да им го пренесуваат на младите.

Според Пецаков, слободата не е само право, туку и обврска секојдневно да се гради општество во кое се почитува човекот и во кое младите ќе ја гледаат својата иднина.

Тој упати благодарност до сите учесници кои со своите настапи придонесоа за достоинствено одбележување на овој значаен историски датум, честитајќи го празникот 11 Октомври – Денот на народното востание.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library80jfe7218uilfQjuGU2

Почина 57-годишен маж откако се превртело пловилото со кое управувал во Охридското Езеро

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-librarygpfh31afti265nPFb3R

„Охридски комуналец“ со апел до граѓаните: Не приближувајте се до ископот кај поранешните подземни контејнери

ОО | пред 3 седмици

media-libraryuorm5rg4lhh68fwu8X9

Од понеделник „Безбеден град“ се активира и во Охрид

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryp57ltpjlvlkh0URe86u

„Охридски комуналец“ со активности за одржување на јавната хигиена на повеќе локации

ОО | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања