Промени тема
Контакт
LANDOV Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! 2:18:21 Гледај на LANDOV.MK

Пецаков денеска оствари средба со амбасадорката на Литванија во државава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Охрид
DSC0472

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков денеска оствари работна средба со  амбасадорката на  Литванија во државава, Н. Е.  Вилма Дамбраускиене.

— реклама —

Високата гостинка од Литванија беше информирана за начинот на функционирање на локалната власт, капиталните проекти, а акцент се стави на туризмот како главна економска дејност во Охрид. Беше истакнато дека   на  охридскиот аеродром  „Св. Апостол Павле“ постојано се воведуваат нови дирекни авио линии кон бројни светски дестинации, а градов станува попристапен благодарение на изградбата на новите автопатски делници. Стана збор и за развој на други индустриски гранки  со отворање на две компании, едната словенечка, а другата австриско – канадска инвестиција во кои се вработени многу охриѓани.

— реклама —

Двете страни ги потврдија добрите дипломатски  односи меѓу двете земји, Македонија и Литванија, а годинава се навршуваат 30 години од воспоставувањето. На средбата се разговараше и за најзначајната музичко сценска манифестација кај нас „Охридско Лето“ и за овогодинешното организирање на Литванската вечер.

— реклама —

Стана збор и за останати политички теми кои ја засегаат нашава држава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања