Со велосипедската патека Охрид – Свети Стефан се овозможува безбедно движење на велосипедистите од излезот на градот до туристичката населба „Свети Стефан“, вели Кирил Пецаков, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за Охрид.
„Охриѓани и гостите со оваа патека добиваат ново место за рекреација на современ и модерен начин и можност да го користат своето време активно практикувајќи здрави навики за возење велосипед. Проектот е и во функција на заштита и унапредување на животната средина. Со овој проект освен задоволување на големиот интерес на населението за патување со велосипед се подобрува и туристичката понуда во Охрид и директно се придонесува за зголемување на атрактивноста на градот, привлекување и задржување на посетителите Заокружи 7 за голема победа на Д-р Кирил Пецаков! На 31 октомври Охрид добива ВИСТИНСКИ ГРАДОНАЧАЛНИК кој гарантира нова и светла иднина!“, додава тој.