Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Пецаков: Му посакувам на Димче (Апасиев) Господ ум да му дајт

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
pecakov-3

„Соработката по однос на координираните напади против мене на Левица и СДСМ на денешното гласање за нов спикер собрание, добија на интензитет!!“, вели охридскиот градоначалник Кирил Пецаков.

Тој додава:

— реклама —

Така уличарот, шарениот револуционер, соработникот на Катица, катализатор на носењето на власт на платформата „живот за сите“ и естраден уметник Апасиев, рецитирал поезија за Таљат и Јован и ме спомнал мене..

— реклама —

Е сега вака, ко ќе ми ја пуштит по езеро Јован златната рипка по што ќе имам три желби, ќе ги искористам на следниов начин:

— реклама —

-желбата бр. 1 ќе ја искористам да посакам просперитет на Охрид и охриѓани и на цела Македонија!!

- желбата бр. 2 ќе ја искористам да му дајт на Димче господ ум и кувет и конечно уличарскиот речник, вадењето на полови мали органи на маса и омаловажувањето на македонскиот народ со таквиот речник да го замени, со достоинствен однос како што доликува на една држава како што е Македонија, но и на еден политичар кој што сака да е некаков фактор во земја која е цивилизациска лулка и земја која фолиранти и мики мауси ко него добро ги препознаваат...!!

- желбата бр. 3 ќе ја искористам да му посакам успешен настап и втора победа на евровизија, после првиот настап и победа која по многу параметри беше историска за одредени целни групи!!

Можам и да рецитирам ко него, ама ќе остам за во некоја друга прилика.

Оркестрираниот и синхронизиран напад врз мене, го разбирам и ќе го издржам.. Македонскиот народ е доволно интелегентен, да процени и за штетниците во самиот политички систем, но и за игрите кои во позадина и се случуваат веќе неколку години на Македонија. Во време кога Македонија ја води најнеспособната влада што некогаш владеела, да се занимаваш со опозицијата (како дел од „опозиција“) и тоа пазите при промена на спикер на Собрание, по повод формирање на техничка влада, говори за намерите и целта на постоењето на одредена партија како што е вашата!!

Ви благодарам за интересот и за се што правите изминатите години против мене, но јас ќе продолжам по вистинскиот пат, по патот за кој бев избран од охриѓани, по патот кој ќе донесе нови и убави ветришта за Охрид!!

И да не заборавам пак ќе ве газиме на избори, затоа што друг избор немаме!!

Ps. Крајот ви се ближи!!

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања