Промени тема
Контакт

Пецаков на средба со претставници на комитетот за односи меѓу заедниците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Охрид
Zaednici_opstini_17032023001

Градоначалникот Кирил Пецаков придружуван од претседателот на Советот на Општина Охрид, Сашо Донев и секретарот на Општина Охрид, Александар Китески денеска оствари средба со претставниците на Комитетот за односи меѓу заедниците при Собранието на Република Македонија, кои беа во работна посета на Охрид.

— реклама —

Делегацијата на Комитетот ја сочинуваа претседателката Арбана Пашоли, членовите Мерита Колочи Коџаџику, Љупчо Балкоски, Љатифе Шиковска и Санела Шкријељ, кои се дел од актуелниот пратенички состав. На средбата беа поканети и присуствуваа охридските пратенички Лидија Петкоска и Грација Бакреческа, како и советниците во Советот на Општина Охрид, Бесник Османи и Арбен Демироски, како претставници на малцинските заедници во Охрид.

— реклама —

На средбата се разговараше за теми поврзани со унапредување на односите помеѓу заедниците на локално ниво и можноста за формирање на Комисија за односи меѓу заедниците во Охрид.

Градоначалникот Пецаков во своето излагање пред присутните потенцираше дека Општина Охрид отсекогаш била пример за соживот и преку конкретни мерки и активности продолжува да го одржува тој континиутет. Градоначалникот потенцираше дека иако не се работи за законска обврска, сериозно ќе биде рагледана можноста да се формира локална Комисија за односи со заедниците, која ќе ги застапува интертесите на сите малцински заедници кои живеат на територијата на Општина Охрид.

— реклама —

Пратениците се заблагодарија на градоначалникот за приемот и позитивниот став кон активностите и предлозите на Комитетот, со надеж дека денешниот состанок ќе биде една иницијатива, која ќе резултира со формирање на официјално работно тело на локално ниво, во насока на обезбедување на поголема мултиетничка соработка и интеграција.

— реклама —

Комитетот за односи меѓу заедниците е работно тело на Собранието на Република Македонија кое има голема улога во остварувањата на општите и посебните права на националните заедници. Комитетот има дадено голем придонес во развојот на мултикултурната и мултиетничката димензија на македонското општество, на вистински соживот на сите граѓани, како и во јакнењето на парламентарната демократија во нашата држава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys6isuqib5h5f0d28b8i

Охрид со нови капитални проекти: Катна гаража, пречистителна станица и спортска сала

Охрид | пред 1 ден

— реклама —
media-librarygesnda26ae81frSiUhm

(Видео) Продолжува реконструкцијата на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид

Македонија | пред 1 седмица

media-library8t0vpoac23pncs70GXV

Општина Охрид започнува чистење на речните корита и критичните точки

ОО | пред 1 седмица

media-libraryhfqjoqj9s2o980tZABb

(Видео) Видео од Охрид хит на социјалните мрежи: Девојче со преубав глас ја запеа „Ако згрешам нека изгорам“

Вирално | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања