Промени тема
Контакт

Пецаков: Нека ни е честит 11 Октомври, Денот на Народното востание

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Охрид
387758004_798171682322848_1748096862369685919_n

„Нека ни е честит 11 Октомври, Денот на Народното востание со кое нашиот народ на најдобар можен начин го докажа својот државотворен капацитет и право на изградба на самостојна, суверена и слободна држава.

Со 11 Октомври и НОБ застанавме на страната на антифашистичката коалиција. Граѓаните на Македонија знаеја да го изберат доброто наспроти злото, правдата наспроти неправдата и да застанат против фашизмот како едно од најголемите зла во човечката историја.

— реклама —

Денес, после многу години не бледнее споменот на 11 Октомври, живо е сеќавањето на сите оние кои застанаа наспроти моќната фашистичка армада и го положија својот живот на олтарот на татковината. Слободата и мирот кои ни ги оставија нашите предци нема да дозволиме никогаш да ни бидат одземени и загрозени.

— реклама —

Придобивките од Македонската револуционерна борба не обврзуваат сите да продолжиме да ја градиме нашата татковина како современа, демократска и правна држава во која секој граѓанин ќе има еднакви можности да креира пристоен и примерен живот за себе и за своето семејство“, напиша Кирил Пецаков - Градоначалник на Општина Охрид.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања