Промени тема
Контакт

Пецаков: Одлуката на УНЕСКО е голема можност, но и сериозна обврска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

ОО
media-libraryvv77rvfm4cog8b5XOhn

Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, ја поздрави одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, со која Охридскиот Регион не беше впишан на Листата на светско наследство во опасност и беше одобрен дополнителен рок до 1 февруари 2031 година за реализација на препораките.

— реклама —

Пецаков оцени дека ваквата одлука е резултат на заедничките заложби и соработка меѓу локалната и централната власт, институциите и сите чинители вклучени во процесот, нагласувајќи дека таа претставува значајна можност, но и дополнителна одговорност за сите.

— реклама —
— реклама —

Тој истакна дека Општина Охрид и во наредниот период ќе продолжи со засилена реализација на мерките за заштита на природното и културното наследство, преку спроведување на капитални еколошки проекти, одговорно урбанистичко планирање, зајакнување на системите за заштита на животната средина и доследна примена на препораките на УНЕСКО.

— реклама —

Според Пецаков, зачувувањето на Охридскиот Регион е заедничка обврска на локалната и централната власт, институциите и граѓаните. Тој изрази уверување дека преку добра координација, континуирана посветеност и соработка со Република Албанија ќе бидат реализирани неопходните активности за зачувување на Охридскиот Регион како светско природно и културно наследство и за идните генерации.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys6isuqib5h5f0d28b8i

Охрид со нови капитални проекти: Катна гаража, пречистителна станица и спортска сала

Охрид | пред 1 ден

— реклама —
media-librarygesnda26ae81frSiUhm

(Видео) Продолжува реконструкцијата на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид

Македонија | пред 1 седмица

media-library8t0vpoac23pncs70GXV

Општина Охрид започнува чистење на речните корита и критичните точки

ОО | пред 1 седмица

media-libraryhfqjoqj9s2o980tZABb

(Видео) Видео од Охрид хит на социјалните мрежи: Девојче со преубав глас ја запеа „Ако згрешам нека изгорам“

Вирално | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања