Промени тема
Контакт

Пецаков: Се што е во насока на евроинтеграција на Македонија и подобрување на стандардот на граѓаните, ќе биде поддржано од ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
pecakov

Вечерва Кирил Пецаков, пратеник и член на Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ гостуваше во емисијата „Патот кон“ на Алсат телевизија. При своето гостување посочи дека иако власта има мнозинство во македонскиот Парламент од 62 пратеници, сепак власта и опозицијата по однос на пратеници во Собранието учестуваат со изедначени сили. Тенкото мнозинство кое што го има власта се одразува и на функционалноста на Собранието. Така што една седница за да се одржи, обично започнува со задоцнување и со многу прекини во текот на работниот ден.

„Власта има мнозинсто во Собрание од 62 пратеници и на нив останува организирањето и обезбедуањето кфорум за работа. Но, реалноста е дека стануа збор за апсолутно изедначени сили во Собранието меѓу власта и опозицијата, односно бројот на оние пратеници кои што ја прават власта и бројот на пратеници кои што се во опозиција, што самото по себе доведува по мачен процес за владеачкото мнозинство по однос на динамиката на носење закони и сите оние работи кои што сакаат да ги спроедат. Меѓутоа, затоа се тие власт“, рече Пецаков.

— реклама —

Пецаков посочи и дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржат се што значи подобрување на стандардот и животот на граѓаните.

„Реформските закони, најголем дел не се носат со 61 или 62, точно се носат со двотретинско мнозинство, меѓутоа сето она кое што е во насока на евроинтеграција на Македонија и подобрување на стандардот на граѓаните на Република Македонија, а со тоа и животот на граѓаните, ќе биде поддржано како што било поддржувано и во минатото и тука не треба никој да има дилеми. Затоа што посебно се наоѓаме во период кој што се нарекува КОВИД криза во кој за жал никој не е одминат и токму мерките и сето она кое што треба да го носиме во наредниот период, треба да биде буквално донесено и посебно кога станува збор за реформски закони треба да биде донесено буквално од сите 120, а не дали ќе биде со 62, 65 или 68“, истакна Пецаков.

— реклама —

Што се однесува до предлогот од владејачкото мнозинство за онлајн седници, пратеникот Пецаков вели дека во Уставот јасно е дефинирано дека уставна должност е секој пратеник да ги носи одлуките внатре во Собранието, и посочи дека тоа е ставот на ВМРО-ДПМНЕ и дека тие како пратеници од опозицијата нема да отстапат од тоа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања