Промени тема
Контакт

Пецаков во официјална посета на Стар Град Белград, најавена продлабочена соработка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Охрид
media-librarya1js5s5r50mo0W1vsJE

Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, заедно со делегација од Општина Охрид, оствари официјална посета на Општина Стар Град Белград, каде што одржа работна средба со претседателот на општината Радослав Марјановиќ.

— реклама —

На средбата се разговарало за официјализирање и продлабочување на меѓуопштинската соработка, со акцент на размена на искуства во областа на локалниот економски развој, туризмот, промоцијата на културното наследство, урбанистичкото планирање и образованието.

— реклама —

Пецаков изразил подготвеност за воспоставување долгорочни партнерски односи насочени кон размена на добри практики и реализација на заеднички проекти од значење за граѓаните на двете општини.

— реклама —

Во рамки на посетата, делегацијата од Охрид ги посетила и капиталните инфраструктурни проекти што се реализираат во Стар Град Белград, при што се запознала со современите пристапи во развојот на урбаната средина.

Од Општина Охрид оценуваат дека ваквите средби се значајни за унапредување на меѓуинституционалната соработка и отворање нови можности за развој на градот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarygpfh31afti265nPFb3R

„Охридски комуналец“ со апел до граѓаните: Не приближувајте се до ископот кај поранешните подземни контејнери

ОО | пред 1 ден

— реклама —
media-librarye9d0qqtdkbk03Ee2GvW

Пецаков: Да го чуваме споменот на хероите кои се жртвуваа за слободна Македонија

ОО | пред 1 ден

media-libraryuorm5rg4lhh68fwu8X9

Од понеделник „Безбеден град“ се активира и во Охрид

Македонија | пред 1 ден

media-libraryp57ltpjlvlkh0URe86u

„Охридски комуналец“ со активности за одржување на јавната хигиена на повеќе локации

ОО | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања