Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Пецаков во посета на „Саем за наука и култура“ во Јахја Кемал

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Охрид
JAHJA-KEMAL_31.03-3-scaled-1

Во „Јахја Кемал“ Колеџот во Струга, денес, се одржа саем на наука и култура. Дел од саемот беше и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков. На саемот беа претставени и презентирани научни и културни проекти изработени од ученици од „Јахја Кемал“ како и од ученици од општинските училишта во Охрид и Струга.

— реклама —

-Особено задоволство ми преставува што ми ја укажавте оваа можност да бидам дел од овогодинешниот „Саем за наука и култура“ во Јахја Кемал Колеџот. Институција која низ годините покажала и докажала дека знае како да ги вреднува различностите, посебностите, како да ги надоградува талентираните и како секоја индивидуа да ја прави подобра и поуспешна. За тоа како градоначалник на општина Охрид од каде има доста ученици кои учат овде, искрено Ви сум благодарен. Самата организација на ваквите манифестации на учениците им дава дополнителен елан и мотив, покрај совладувањето на редовните наставни програми, да го развиваат и чувството за научно истражувачка работа со која ќе би оставиле белег во општеството. Покрај тоа, тука, учениците, учат и како да создадат културни активности. Од приложеното на овој Саем, може да се воочат експерименти и истражувачка работа која убеден сум дека во иднина на дел од Вас ќе ви биде професија во која многу добро ќе се покажете. Тука би ви порачал секогаш да бидете истрајни и секогаш да работите на себе за да бидете подобри во иднина. Како долгогодишен спортист можам да Ве уверам дека не постои успешен ракометар, фудбалер, кошаркар или тенисер кој постојано секојдневно не работи напорно подобрувајќи се себеси. Истото е и во секоја друга област. Тука би ви порачал да бидете истрајни, храбри, самоуверени за да бидете и успешни, истакна градоначалникот Пецаков во своето обраќање пред присутните.

— реклама —
— реклама —

Бројните посетители на саемот имаа можност да видат интересни научни експерименти и културолошки проекти од области на наставните предмети: матеметика, физика, хемија, биологија, информатика, историја, географија, англиски, македонски, албански и турски јазик. Градоначалникот Пецаков по обиколката на штандовите, се запозна и со начинот на работа на училиштето и со постигнатите успеси на децата кои тука се школувале.

— реклама —

Свои обраќања пред пристуните имаа и директор на Јахја Кемал Колеџот во Струга господин Јусуф Шахин и градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryjviec318d2gs8q8fGhd

Во недела во Охрид стартува музичкиот караван за 35 години независност

Македонија | пред 1 ден

media-library4susnij26bgr3UZtPeJ

(Видео) Ечеше „Бисер балкански“ и „Лихнида“ во Охрид: Млади улични артисти собраа публика како на концерт

Магазин | пред 1 ден

media-librarycpcdcuujs6rvdaLLCZF

(Видео) Сакаат да ја избегнат утрешната гужва, заглавија вечерва: долги колони од Охрид кон Скопје

Македонија | пред 3 дена

media-libraryvo0qqe4h52a392pOjWG

Драма во Охрид: Со нож му барал пари на малолетник, нападнал и скопјанец

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања