Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Пецаков: Во програмата на Милошевски во голем ден застапен спортот и младите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

IMG_2274-02-05-19-13-14

Охрид мора да биде пристоен европски град за младите. Охрид мора да блеска со спортот, спортскиот работник и спортистот. Со концептот За убав град јасно порачуваме дека наш приоротет е работата за потребите на младите во градот и младите повторно да го добијат својот партнер во нас кој секогаш е тука да им помага, истакна Д-р Кирил Пецаков, член на ИК и координатор на советничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Заложбата е создавање квалитетни спортски кадри и спортисти, кои ќе го промовираат спортот и Охрид како спортски град.

— реклама —

За убав град:

— реклама —

Младинско спортско лето - Спорт за младите, спорт за сите Целта ќе биде во летниот период анимирање и организација на повеќе спортски настани и презентација на различни спортови.  Организација на меѓународен ракометен турнир за сениорски и младински категории.  Возобновување на ракометниот турнир кој се организираше во Охрид со кој ќе се добие целосно нов туристички производ и можност за збогатување на туристичката понуда на градот и привлекување на повеќе туристи. Организација на меѓународен кошаркарски турнир за сениорски и младински категории.

— реклама —

Преку афирмација на сите спортови, спортовите на вода, атлетиката, боречките спортови – Охрид да биде домаќин на европски и светски превенства во различни категории. Изградба на 40 станови за млади брачни парови. Повторно оформување на Советот на млади и отворање Канцеларија за млади. За спортски град изградба на 30 рекреативни зони, односно 5 тениски терени, 5 мултифункционални игралишта, 20 детски игралишта.

Младите се движечка сила во градот.

Младите се иднината на Охрид.

5 за град кој се темели врз цврста младина и спортот.

5 за многу нови проекти за младите и спортот.

5 за убав спортски град.

5 за Д-р Митре Милошевски за градоначалник на Охрид.

5 затоа што Охрид повикува, истакна Д-р Кирил Пецаков, член на ИК и координатор на советничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

https://www.facebook.com/319515632039960/posts/338973846760805?s=1525089632&v=e&sfns=mo

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања