Промени тема
Контакт
LANDOV Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! 2:18:21 Гледај на LANDOV.MK

Пецаков: Запуштените јавни површини ќе се вратат во функција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Охрид
Screenshot-2022-03-25-at-14.07.58

Јавните површини, кои подолг временски период беа руинирани и запуштени во Охрид, ќе се враќаат во функција. Ова го кажа охридскиот градоначалник Кирил Пецаков.

— реклама —

„Откако службите на Општина Охрид извршија увид и ја утврдија состојбата во која се наоѓаат, плоштадот кај Мини маркет, пешачките патеки канал Студенчишта – хотел Парк, Лабино – Канео, Лабино – Воска – Даљан, детските и повеќенаменските игралишта на цела територија од Општина Охрид, се пристапи кон изготвување на план и се утврди динамиката за нивна санација. Согласно изготвениот план и динамиката, зафатите за реконструкција ќе започнат од идната недела.

— реклама —
— реклама —

Додека за оштетувањата на делови од коловозот и тротоарите кои беа настанати во изминатиот период на улиците кои беа реализирани пред околу една година, „15-ти Корпус“ и „Јане Сандаснки“, Општина Охрид се договори со изведувачот на градежните работи да се санираат сите овие пропусти во најкус можен рок и без дополнителен трошок за Локалната самоуправа“, кажа Пецаков.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања