Промени тема
Контакт

Пејчиновски кој боледува од ретка болест, ќе плива маратон за децата со ретки болести!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Актуелно
marko-pejcinovski

Најмладиот маратонец и пливачки гениј  од Охрид, Марко Пејчиноски кој боледува од ретка болест односно  има Perthes Disease на левиот колк од ногата на 4 Септември годинава  во водите на Охридското Езеро  ќе преплива соло пливачки маратон за ДЕЦАТА СО РЕТКИ БОЛЕСТИ.

Од организациониот одбор на настанот  информираат дека на самиот ден на случувањето од 12 часот на  на штанд кај  Градското  пристаниште   ќе се продаваат  изработени  маички за поддршка на Марко со слоганот “NEVER GIVE UP”.

— реклама —

Овој е трет подвиг на Марко во оваа сезона. Марко е најмладиот маратонец кој на 12 годишна возраст на 28.08.2018 г. го преплива Охридско Езеро од Св. Наум до Охрид.

— реклама —

На 03.07.2021 година прв во историјата повторно го преплива ОхридскоЕзеро, но овојпат во обратна насока, во чест на Исцелителот и Чудотворецот Светиот Наум Охридски, а за здравје на сите.

— реклама —

На 31.07.2021 година повторно, како прв во историјата го преплива Охридско Езеро во две насоки. Од Охрид до Свети Наум и назад, пак до Охрид, овојпат во чест на неговата мајка која е тешко болна.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања